ФОТО: "Треба бојкот и на кафичи" - По најавите за бојкот "врие" на Фејсбук и Твитер
По најавите за бојкот на маркетите во петок, поради екстремно високите цени на производите, "врие" од коментари на социјалните мрежи.
- Треба бојкот и на кафичите, што е тоа чај кесичка од 5 денари во вода, чини 100/150 денари?, е еден од коментарите.
- И ден е малку, но од некаде мора да се почне, е уште еден коментар на Твитер.
Инаку, како што веќе објавивме бојкотот е најавен за петок, 31. Јануари.
- „Повикуваме на масовен бојкот во петок. Воздржете се од купување во големите маркети, избегнувајте ги помалите маркети. Сакаме да испратиме порака дека граѓаните нема да ги толерираат овие нереални поскапувања,“ велат организаторите на бојкотот на социјалните мрежи.
Освен во Македонија и во БиХ граѓаните најавија бојкот на супермаркетите и продавниците за 31 јануари, а слични повици има и во Црна Гора.
Хрватска која веќе организираше протести за големите цени во маркетите е инспирација за овие повици.
____________________________________________________________________________