Јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред на 21, 22 и 23 јуни
Поради верскиот празник Духовден, утре, петок (21.06.2024 год.) и во сабота (22.06.2024 год.) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен, со исклучок на линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
Во недела (23.06.2024 год.) сите возила од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Утре (21.06.2024 год.) од 7 до 14 часот, дежурни ќе бидат билетарниците во Ѓорче Петров и таа на Транспортен центар, а во сабота (22.06.2024 год.) сите билетарници и центри за персонализација ќе имаат редовно работно време.
Жичницата, утре (21.06.2024 год.), како и за време на викендот, ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа