Камбовски и Лимани дадоа свечена изјава како нови членови на Судскиот совет

 

Денеска, во Охридската сала на Собранието, Исамедин Лимани и Александар Камбовски, членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија, дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, и генералната секретарка, Цветанка Иванова.

Лимани и Камбовски не одговорија на прашањето што мислат за предлогот за распуштање на Судскиот совет.

„Отсекогаш сум верувал во независност, во транспаретност, отчетност, одговорност, борба против корупцијара. Се надевам дека овие мои убедувања ќе бидат третирани во Советот“, изјави Камбовски.

Во однос на распуштање на Советот, Камбовски рече дека нема што да мисли сега бидејќи треба да се разгледаат новите предлози, а засега не ги знае.

„Во согласност со уставните и законските одредби се знае дека Судскиот совет е независен уставен орган, кој ќе се грижи да се обезбеди независноста на судството. Судскиот совет треба да обезбеди услови таа независност да биде потранспаретна и да може поефикасно да работат судовите. Бидејќи уставотворецот, Собранието, е законодавец и уставотворец, тие имаат надлежност ако го менуваат Уставот бидејќи се знае дека амандманите што се донесени во 2006 дека судството е независна власт, но тие може да го сменат Уставот, може да донесат и други реформи“, рече Лимани.

19.06.2024 - 16:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега