Братот на убиениот пејач на Пластичарска: Амар ќе биде погребан денеска
Пејачот Амар Исмани е убиениот 29-годишник во пукањето кое синоќа се случи на Пластичарска, потврдија преку социјалните мрежи од неговото семејство.
„На Алах сме и на него ќе се вратиме
Со скршено и тажно срце ве известувам дека почина нашиот син/брат Амар Исмани
Церемонијата за погреб ќе се одржи денес со Икинди намаз во џамијата во Чаир, а потоа на гробиштата Бутел“, напиша Един Исмани на Фејсбук, брат на убиениот пејач.
27.05.2024 - 11:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа