Вучиќ пристигна во Њујорк

 

Српскиот претседател Александар Вучиќ допатува во Њујорк каде на 23 мај ќе присуствува на седницата на Генералното собрание на ОН каде ќе се разгледува предлогот-резолуцијата за Сребреница.

Во делегацијата со Вучиќ е и министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ.

Пред заминувањето за Њујорк и учеството на седницата на Генералното собрание на ОН, Вучиќ утрово присуствуваше на богослужба на српскиот патријарх Порфирије. – Одам во Њујорк да се борам со сета сила и срце за иднината на нашата земја, изјави Вучиќ пред патувањето.

Генералното собрание на Обединетите нации на 23 мај ќе гласа за резолуцијата за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. За резолуцијата требаше да се расправа на 2 мај, но датумот беше поместен од процедурални причини.

Со резолуцијата, исто така, безрезервно се осудува секое негирање на геноцидот во Сребреница и се поттикнуваат државите членки да ги сочуваат утврдените факти преку своите образовни системи со развивање на соодветните програми. Предлагачи на резолуцијата за геноцидот во Сребреница се Германија и Руанда, а Македонија е меѓу повеќето коспонзори на резолуцијата.

Масакрот во Сребреница е прогласен за геноцид и од Меѓународниот суд на правдата во Хаг. 

20.05.2024 - 20:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега