Мајката на дечињата кои изгореа во пожар: Ги заклучив за да одам кај љубовникот - како не изгорев и јас со нив!

Мајката на трите дечиња кои изгореа во пожар во Србија си ја отвоир душата и раскажа што се случило.

-„Ги оставив во креветот... сите тројца. Спиеја заедно да се загреат. Боже, што не ме пушти да влезам внатре, па да завршам заедно со своите деца. Се изгоре за десет минути. А како, не знам. Велат дека е од лампионите на елката. Децата ја видеа на реклама и побараа иста таква. Јас им купив. Камо среќа никогаш да не ги вклучев светилките. И што сега, ме праќаат на прегледи, но се’ е џабе, мене никој веќе не може да ме излечи, вели Мирела Микулиќ.

Таа вели дека во животот се правела за нејзините дечиња.

- „Не се мачев бидејќи за нив ништо не ми беше тешко да направам. Сакав тие да имаат се’ што јас немав. Да, ги оставав заклучени бидејќи се плашев да не излезат на патот, да не ги згази автомобил. А сега? Се борев сама цел живот, ми помагаа другите колку што можеа. Таткото на децата немојте да го споменувате, тој не сакаше ни да ги допре моите деца“, вели таа.

Соседите пак, велат дека таа никогаш не ги чувала своите деца, и секогаш ги оставала сами, гладни, и заклучени.

Инаку,пожарникарите за жал не успејаа да ги спасат  Ненад (4), Димитрија (3) и Маја (2), од пламените јазици.

20.12.2013 - 09:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега