Влегле во аеродром и почнале да пукаат

Во вооружен напад на аеродромот во главниот град на Филипините, Манила денеска загинаа филипинскиот градоначалник неговата сопруга и уште две лица, кои ги придружувале.

Генералниот директор на аеродромот, Анхел Хонрадо, изјави дека покрај нив се ранети и уште шест лица.

Градоначалникот и неговите придружници пристигнале од јужниот град Замбоанга и го чекале превозот, кога две лица на мотоцикл отвориле оган кон нив.

 

Во тек е истрага за расветлување на случајот.

20.12.2013 - 09:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега