Забренето пушење на електронски цигари во Њујорк

 

Градскиот совет на Њујорк со 43 гласа „за“ и осум „против“ ги забрани пушење на електронски цигари на јавни места.

Потврдувањето на забраната од страна на градоначалникот во заминување Мајкл Блумберг, кој е жесток противник на пушењето, е формалност.

Забраната на електронските цигари е последната одлука што се впишува во строгиот курс на Блумерг во борбата против пушењето воведена во „Големото јаболко“.

Така по 120 дена откако градоначалникот ќе го потпише нормативниот акт за забрана на електронските цигари, нивното пушење веќе нема да биде дозволено на јавни места, како што се плажите, парковите, рестораните и деловните згради.

 

Според критичарите оваа мерка мерката ќе донесе повеќе штета, отколку корист.

20.12.2013 - 09:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега