Трагедија: Се урна таван во преполн театар во Лондон (ВИДЕО)

 

Најмалку 88 лица се повредени синоќа при делумно уривање на таванот на полната сала на лондонски театар „Аполо“, соопштија спасувачките служби на Лондон. 

На 81 од повредените им е укажана медицинска помош на лице место, додека седум лица со посериозни повреди се итно пренесени в болница. 

Вкупно 720 лица, меѓу кои и голем број цели семејства, присуствувале на исклучително популарната претстава „Чудна случка со куче на полноќ“ во театарт „Аполо“, на булеварот „Шафтсбери“. 

Засега не е познато како дошло до уривање на таванот.

20.12.2013 - 09:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега