Според хрватскиот премиер и Србија, Црна Гора и Македонија треба да влезат во ЕУ

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, изјави дека кога  Бугарија и Романија веќе се членки на ЕУ, нема никаква логика во Унијата да не бидат примени и Србија, Црна Гора и Македонија.

Милановиќ, кој присуствува на дводневниот Самит на ЕУ во Брисел, нагласи дека во интерес на Хрватска е „Србија и останатите соседни земји да се приклучат кон Европската унија“.

- Ние ќе бидеме нивни партнери, а не ментори, потенцира Милановиќ.

 

Хравтска стана 28-ма членка на ЕУ на 1 јули оваа година, а за 21 јануари 2014 година е најавен почеток на преговорите за членство на Србија во Унијата.

20.12.2013 - 09:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа