Поради маглата „Александар Велики“ затворен за сообраќај

Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје е затворен за сообраќај. Поради густата магла се откажани сите планирани слетувања и полетувања од ноќеска.

Во текот на вчерашниот ден поради временските услови дел од летовите беа пренасочени кон Охрид, Софија и Белград, а дел беа откажани.

Поради густата магла намалена видливост од 20 до 50 метри има на патните правци Куманово - Скопје и Градско-Демир Капија.

Од аеродромот информираат дека ситуацијата се менува од час во час.

20.12.2013 - 09:11
Фото: 
Фактор.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега