Парична помош и облека за семејствата од опожарената зграда во Тетово

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Центарот за социјална работа Тетово, Насер Садики денеска остварија средба со граѓаните чии што домови беа опожарени во текот на вчерашниот ден.

Од кабинетот на Спасов информираат дека министерот ги информирал станарите дека Министерството ќе им помогне преку доделување на еднократна парична помош и дека преку акцијата „Се грижиме за топол дом” ќе се обезбедат облека и хигиенски пакети.

19.12.2013 - 15:25
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега