Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
Девизните резерви на крајот на април годинава изнесувале 4.329 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 41,9 милиони евра, соопшти Народна банка.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (58,7%), по што следуваат валутите и депозитите (30,1%) и монетарното злато (11,1%).
07.05.2024 - 22:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа