Поевтинуваат горивата, РКЕ ги соопшти новите цени

 


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70% во однос на одлуката од 29.4.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,438%, кај дизелот за 2,100%, кај екстра лесното масло за 2,605% и кај мазутот намалувањето е за 1,907%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,407%

Од 8.5.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 86,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 88,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 74,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,832 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,829 ден/кг и сега ќе изнесува 45,832 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 8.5.2024 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени. 

07.05.2024 - 13:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега