ВИДЕО: Храбар човек спаси две близначиња од пожар

Секоја чест за овој човек!Еден поштар од Њујорк станал вистински херој за две мали близначиња откако ги спасил од пожар. Се случила катастрофа за семејството Кондер кои во раните  утрински часови пожарот го зафатил нивниот дом, па тие во паника почнале да се симнуваат преку пожарните скали од  зградата. Тогаш поштарот Џермејн Ширли дотрчал во помош - таткото кој во рацете ги носел своите двајца близнаци, од третиот кат ги фрлил токму во рацете на соседот. И за некоја среќа поштарот ги фатил близнаците пред да паднат на земјата.  Останатите соседи успеале самите да се симнат низ скалите пред да пристигнат пожарникарите.

„ Тој навистина е херој за сите, но за мене е повече од тоа“, рекол таткото на двајцата близнаци. 

19.12.2013 - 13:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега