Тошковски: Досега нема посериозни нарушувања на изборниот процес

 

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека досега нема посериозни нарушувања на изборниот процес. 

Во изјава за медиумите, рано изутрина рече дека очекува изборниот ден да помине како што треба.

-Времето е убаво, се надевам ќе остане така во текот на денешниот ден и дека граѓаните на Република Македонија ќе можат да си го остварат своето право на глас во рамки на едни мирни, фер, демократски услови како што доликува. Квалитативно и квантитативно мислам дека бројките се како што треба. Покриени се сите СВР-иња од аспект на технички и човечки ресурси. Така што, МВР постапува согласно планот и оперативната акција којашто како таква е утврдена во рамки на Оперативниот штаб. Се си тече како што треба, рече Тошковски.

 

24.04.2024 - 08:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега