СОНК не ја прифаќа одлуката на МОН училиштата да ги одработуваат неработните денови

 

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) реагира на известувањето на Министерството за образование и наука за одработувањето на деновите 24 април и 8 мај, кои Владата ги прогласи за неработни без одработување, поради одржувањето на претседателските и парламентарните избори.

Откако вчера претседателот на СОНК, Јаким Неделков го објави известувањето на МОН кое било испратено до училиштата, денеска следува и реакција од Синдикатот.

-СОНК е организација која се бори и е поборник за почитување на законите, но во овој случај, мора да реагира со неприфаќање на ваквата Ваша одлука, проследена преку известувањето, се вели во реакцијата на Синдикатот.

19.04.2024 - 17:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега