Десет руски авиони ќе го уништуваат сириското хемиско оружје

 

Русија во Сирија испрати десет авиони со опрема за отстранување и уништување на сириското хемиско оружје, сооопшти денеска рускиот амбасадор во Дамаск, Азамат Кулмукхаметов.

- Воспоставен е воздушен мост преку кој ќе се испорача технологијата и опремата што се потребни за операцијата за дислокација на хемиското оружје од Сирија. Денеска имаше 10 летови, а ќе има уште, додаде Кулмукхаметов.

Организацијата за забрана на хемиското оружје, што го надгледува уништувањето на сириското хемиско оружје, соопшти дека во изнесувањето на оружјето од Сирија ќе учествуваат руски оклопни камиони.

Данска и норвешка фрегата во моментов чекаат во Кипар за да ги испратат нордиските товарни бродови да го преземат хемиското оружје од Латакија од каде ќе го  префрлат за Италија. Сириското хемиско оружје, потоа, ќе биде претоварено на американски брод каде ќе биде уништено на отворено море

19.12.2013 - 11:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега