Над 4.000 деца питачат во Србија

Како  што пишува весникот „Новости“ најмалку 4.000 деца скитаат по улиците, а државата прави бела книга и влегува во пресметка со питачката мафија.

Само на белградските улици има над 2.000 малолетни питачи, кои смрзнувајќи се на мразот пружаат рака и молат за некој динар. Ова се проценките на Центарот за интеграција на младите кои се грижат во Прифатилиштата за деца на улиците во Белград. Во цела Србија ги има барем уште толку.

- 70 отсто се на улица за да преживеат – вели Милица Ѓорѓевиќ од Центарот.

- Тука во работата се вклучени цели семејства, било сите да питачат, или да собираат секундарни суровини и да мијат ветробрански стакла на крстосниците. Сигурно е дека секое дете на улица, зима по снег и мраз, или на лето, по неподнослива жештина, е занемарено. Но, тука се и цели семејства занемарени од општеството.

Во Белградското Прифатилиште доаѓаат околу 400 активни корисници, по едно до две од секое семејство.

19.12.2013 - 11:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега