Се огласи Фуркан Салиу: Делото што ми го ставаат на товар не држи вода - пиштолот е со дозвола
Новинарот Фуркан Салиу преку фан страницата на „Порталикс“ се огласи за инцидентот во селото Средно Коњаре каде беше уапсен за време на фудбалски натпревар.
Информираше дека во моментот се наоѓа во Полициската станица Автокоманда.
-Се извинувам што моето однесување можеби придонесе до ексалација на ситуацијата за да завршам во лисици. Извинете ако ве разочарав да верувате во мојата работа. Но Ве уверувам, не нападнав полицаец. Иако се беше снимено полицијата ги избриша материјалите во полициска станица.
Во однос на пиштолот кој е пронајден во неговото возило, Салиу тврди дека поседува дозвола, но вели дека претресот бил незаконски извршен.
-Околу пиштолот што беше најден во моето возило… Пиштолот има дозвола и е најден во автомобилот. За време на апсењето ми паднаа клучевите, а мојот снимател ги зеде. Без судски налог и без јас да бидам присутен, како сопственик на возилото, беше претресено од страна на специјалците. Делото кое ми го товарат, напад врз полициски службеник не држи вода и не може да се докаже, вели Салиу.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа