Шокантно откритие: Данка се разбудила во автомобилот

 


Шефот на Одделот за криминалистичка полиција, Нинослав Чмолиќ, во гостувањето во утринската програма на телевизија Информер го пренесе последното  шокантно откритие.

Имено, откако двајцата мажи ја удриле Данка со автомобилот, помислиле дека е мртва и ја ставиле во багажникот, но девојчето било живо и во еден момент се разбудило!

– Според нивните изјави застанале во близина на куќата да уринираат. Кога продолжиле, со возилото ја удриле Данка, а потоа ја ставиле во багажникот. Чудното движење на нивното возило било снимено на ГПС. Нивните приказни не се поклопуваат во однос  на делот за давењето на детето – изјави началникот на УКП и додава: – Деноноќно се собираат докази. Еден од убијците има блокада и не се сеќава каде го оставил телото. Факт е дека нивните приказни се совпаѓаат со деталите од ударите, но тие не се согласуваат за вистинското убиство на детето. Данка била во несвест кога ја удриле со автомобил, а мислеле дека е мртва, па се изненадиле што се разбудила, а еден од нив ја задавил, а на крајот телото го фрлиле- изјавил Чмолиќ.

05.04.2024 - 10:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега