Данка прегазена по 7 минути откако исчезнала
Полицијата трага по телото на двегодишната Данка Илиќ, која беше пријавена за исчезната од 26 март, а која, се претпоставува, била прегазена, а потоа фрлена во депонија.
Полицијата го уапсила С.Ј. (50) и Д.Д. (50), двајцата од Бор, поради сомневање дека ја убиле двегодишната Данка и, како што дознаваме, во целост го признале извршувањето на ова дело.
Според неофицијални информации, С.Ј и Д.Д., откако со службеното возило „фиат панда“ удриле дете во Улица Радомира Путника, телото го спакувале во багажник и го фрлиле.
Малата Данка исчезна на 26 март околу 13 часот и 45 минути и оттогаш и се губи секоја трага. Се сомнева дека детето било прегазено веќе во 13 часот и 52 минути, а нејзиното тело потоа било фрлено во депонија, пренесуваат српските медиуми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа