Вучиќ: Данка е прегазена со автомобил и фрлена на дива депонија

 


Имаме лоши вести за малата Данка Илиќ. Полицијата приведе две лица кои го извршиле убиството на малата Данка. Признале дека ја убиле, рече претседателот на Србија.

Вучиќ додаде дека полицијата ги носи на местото каде што е телото на детето. – Благодарам на полицијата за големиот труд и посветеност – додаде српскиот претседател.

Како што потврдија за АТВ, криминалистичката полиција од Бор ги привела работниците на Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот.

- С.Ј. е осомничен дека на улицата „Радомир Путника“ со службеното возило „фиат панда“ удрил во пешак, двегодишна Данка, и ја усмртил. Заедно со колегата Д.Д. телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија на „Старобањски пут“ кај Бор, каде телото го фрлиле на десната страна од патот - вели извор близок до истрагата.

Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор. Кога исчезнала била со мајка и и брат и оттогаш и се губи секаква трага. Поради нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.

04.04.2024 - 10:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега