И Босна нема да ја видиме на Евросонг

И Босна го откажува учеството на  музичкиот натпревар Евросонг.

- Одборот на директори на БХРТ на седница која се одржала во Сараево донеле одлука да не учествуваат на „Евровизија“ во Копенхаген бидејќи не е затворена финансиската конструкција за самофинансирање, како што било планирано. Но, сепак, одборот ќе направи сѐ за да им овозможи на граѓаните на Босна и Херцеговина директен пренос од „Евровизија“ – стои во нивното соопштението на Босанската национална телевизија БХРТ.

Финансискиот одбор сметал дека наоѓањето спонзор ќе ги реши сите проблеми, но, сепак, на крајот не излегло како што се очекувало.

19.12.2013 - 10:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега