Снежно невреме ја зафати Кина

Големо снежно невреме го зафати североисточниот дел на Кина кое предизвика затворање на пристаништето во градот Далјан и на десетина автопатишта во провинцијата Лајонин.

Поради опасност од замрзнување на патиштата, на возачите им е препорачано да се воздржат од патувања или да возат многу внимателно.

Провинциите Лајонин, Хајлунџан и Џипинг се зафатени од обилни врнежи од снег, поради што во Харбин, Чанчун, Џилин и други големи градови се затворени училиштата и детските градинки

19.12.2013 - 09:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега