Почнува изградбата на огромниот крст во скопски Аеродром

Во населбата Аеродром денеска ќе биде поставен камен - темелник на новиот православен крст кој ќе биде висок 51 метар и широк 4 метри.

Крстот ќе никне близу средното хемиско училиште „Марија Кири Слодовска“ меѓу булеварот „Трета македонска бригада“ и булеварот „Србија“. Се очекува изградбата да заврши до крајот на март 2014 година.

Крстот ќе биде поставен на постамен од 5,5  метри на две нивоа со галерии, иконостас за верски обреди и фрески на 12-те свети апостоли. На крстот ќе биде изведена и електрична инсталација за енергетска самоодржливост.

Според најавите, на чинот на осветувањето на камен-темелникот ќе присуствува поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан.

Инвеститор е Светскиот македонски конгрес, а донатори се Македонци и македонски компании од земјава и странство. 

19.12.2013 - 08:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега