Србија: Си ја силувал малолентата ќерка

Милош Н. е осомничен дека пред месец дена во својата семејна куќа во селото во близина на Пожаревца, со закана, својата малолетна ќерка насилно ја совладал на креветот и ја принудил на сексуален однос. Осомнитечниот, со кривична пријава, полицијата го предала на истражниот судија во Повисокиот суд во Пожаревца. Овој случај полицијата го пријавила самото девојче, иако и нејзината мајка дознала што и се случило претходно. Осомничениот делото го извршил додека неговата сопруга се наоѓала во градот, а другата ќерка во школо. Според податоците на истрагата, до овој напад дошло околу 10 часот утрината, кога осмомничениот влегол во собата во која била и неговата ќерка М.Н. која го местела креветот. Тој и пришол и и рекол: „Кога сите можат да ти се наредат, можам и јас“. Потоа и ги скинал алиштата, додека таа плачела и го молела да не го прави тоа. Таа на почетокот се бранела со рацете, но престанала кога и рекол дека ќе ја истепа. Потоа ја легнал на креветот, ги соблекол панталоните и ја приморал на сексуален однос. Тој потоа и раскажал што направил на неговата сопруга, која не превземала ништо освен што и раскажала на својата пријателка која пак го пријавила случајот во полиција. Штом девојчето било сослушана во присуство на педагог од Центарот за социјална работа, а потоа и нејзината мајка, осомничениот бил веднаш уапсен и му бил одреден полициски притвор од 48 часа.