ВИДЕО: Уапсен најбараниот криминалец во Велика Британија
Британскиот Скотланд Јард, во соработка со шпанската полиција го уапси Ендру Моран по четири години криење низ Европа. Тој бил откриен во луксузна вила, каде што криел и два пиштоли, 60 куршуми и една мачета. Тој претходната година успеал да избегне да биде уапсен во Шпанија. Моран се најде на црната листа на британските власти по бегството од судницата во текот на судењето за вооружен грабеж на британската пошта во 2005 година.