Највисока плата во Црна Гора лани изнесувала 127.820 евра

 

Највисоката бруто месечна плата во Црна Гора минатата година изнесува 127.820 евра и му била исплатена на азербејџански државјанин вработен во секторот за изнајмување на недвижен имот, соопшти црногорскиот Завод за статистика Монстат.

Неговиот приход е 129 пати повеќе од минатогодишната просечна бруто-плата во Црна Гора или дури 284 од минималната плата.

Според податоците на Монстат, лани просечната бруто-плата изнесувала 987 евра, а минималната 450 евра.

Втората највисока бруто-плата лани во Црна Гора ја примил вработен во банкарскиот сектор. На Црногорец му биле исплатени 110.370 евра.

На трето место е државјанин на Грција, кој е вработен во трговија на големо со гориво. За еден месец му биле исплатени 109.280 евра. На четврто место се најде уште еден државјанин на Азербејџан, кој исто така изнајмува недвижен имот со месечен приход од 108.220 евра.

Според податоците на Монстат на петто место е Австриец кој работи забавни и рекреативни активности со месечни примања од 97.690 евра, додека на шесто е хотелиер, државјанин на Црна Гора, со исплатена плата од 95.890 евра.

21.03.2024 - 11:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега