Коњановски: Партиите да не ги злоупотребуваат тутунарите за добивање политички поено

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски денеска по посетата на откупните пунктови на „Сокотаб“, „Алијанса“ и „Струмица табак“ во пелагонсиките села Ивањевци и Добрушево аплираше политичките партии да не се мешаат во тутунопроизводството за добивање поени.

- Тутунарите не смеат да дозволат какви било влијанија од одредени политички структури или политички притисок особено сега, додека е во тек откупот, порача заменик министерот на прес-конференцијата во Ивањевци, додавајќи дека Владата продолжува максимално да го следи откупот.

Целта е да се откупи целото производство и да се додели планираната поддршка.

- Сакаме да бидеме уверени дека тутунот се цени според квалитетот. Не сакаме никој да го користи трудот на тутунарите и затоа ќе ги заштитиме максимално. Веќе обезбидивме финансиска помош од 30 милиони денари колку што очекуваме да изнесуваат субвенциите за околу 30 милиони килограми произведен тутун од годинашната реколта, истакна Коњановски.

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов кој го придружуваше Коњановски, информира дека до 16 декември, само една регистрирана компанија не ги отворила откупните пунктови поради што и е веќе изречена парична казна од 11.000 евра.

- Инсистираме да се почитуваат правилата и откупот да се одвива согласно законот и подзаконските акти. На местата каде што се појавуваат проблеми излегува второстепена комисија. Внимаваме да не се манипулира со земјоделците и да се запази квалитетот на тутунот. Досега се откупени околу 3 милиони килограми тутун од планираните 30 милиони килограми тутун, но исто така, досега се предадени само еден насто од најквалитетната прва класа тутун, а доминира средната класа, потврди директорот на Инспекторатот.

18.12.2013 - 15:33
Фото: 
Преспањуз

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега