Шпанија: Илјадници луѓе на улиците поради владините мерки на штедење

 

Повеќе од илјада Шпанци излегоа на улиците, обележувајќи го вториот роденден на движењето „Огорчени“ формирано од протестите поради економската нееднаквост и невработеност. „Огорчените„ се собраа во Мадрид, Барселона, и уште 30 други градови ширум земјата изразувајќи го својот бес против владините мерки за стегање на каишот. На централниот плоштад во Мадрид, демонстрантите носеле пароли „Бробата продолжува“. „Ако сме заедно се е можно“ или „Тие тоа го нарекуваат демократија, но тоа не е тоа“.

„Огорчените“ зедно со движењето „Да го окупираме Вол Стрит“ во Њујорк, предизвикаа слични протести во стотина градови ширум планетата. Додека некои од демонстрантите носеа знамиња на Република, другите било со маици со симболите на мобилизација на образовниот сектор, кој како и здраството е доста погоден од мерките за стегање на каишот. Еден од учесниците на протестот рекол „Ја чувствувам немоќта на Шпанија. Владата го работи тоа што Меѓународниот Монетарен фонд и Европската централна банка велат да го направи. 

Конзервативната влада се надева дека ќе заштеди од 150 милијарди евра до 2014 година, благодарение на политиката на стегање на каишот и новите мерки на штедење. Шпанија брои околу 45 милиони жители од кои сега 6,2 милиони се без работа. Со што стапката на невработеност во првиот кварт оваа година достигна рекордно ниво од 27,2%.

 

 

најчитано сега