Ученик планирал масакр на 25 ученици
17-годишен ученик е уапсен во Требиње под сомнение за тероризам, бидејќи на социјалната мрежа „Тик Ток“ објавил видео на кое наведува дека во Средното медицинско училиште во Требиње треба да бидат убиени 25, а повредени 12 лица, пишува Глас Српске.
Малолетникот утринава е изведен пред Републичкото обвинителство каде ќе биде сослушан во присуство на неговите родители и вештаци, по што ќе се одлучуваат за натамошни мерки против него, јавува Српскаинфо.
Извор близок до истрагата изјави дека видеото во полиција го пријавил србин кој живее во Холандија.
-Наишол на видеото и бидејќи е од тие краишта веднаш ја алармирал полицијата во Холандија и Босна и Херцеговина. Веднаш по пријавата реагирале надлежните и малолетникот бил пронајден преку IP адресата, со што била спречена можна трагедија. Станува збор за постар малолетник – изјави изворот на Глас Српска.
– Веднаш по сознанието е известено Специјалното одделение за сузбивање на корупција, организиран криминал и најтешкиот облик на економски криминал, под чиј надзор се извршени одредени истражни дејствија. Дејствијата што беа извршени не доведоа до лицето од Билеќа за кое се сомничи дека го сторил наведеното кривично дело – изјави началникот на СВТ Требиње, Синиша Лакета.
Началникот на полициската управа Требиње денеска изјави дека состојбата во училиштата во овој град е апсолутно безбедна и децата можат да ги посетуваат, а место за никаква паника нема бидејќи безбедноста на ниту едно дете во ниту еден момент не била загрозена.
– Апсолутно ја држевме безбедносната ситуација под контрола. Полицијата реагираше навремено – рече Лакета на прес-конференцијата.
Тој додаде дека нема простор за реална опасност, наведувајќи дека малолетникот е предаден на надлежното обвинителство.
Целиот план за напад наводно бил претставен од малолетникот за време на разговор во живо на „ТикТок“. Во видеото се гледа дека тој во тетратката нацртал скица, односно планот на училиштето. Обележани се влезовите, дворот, ходникот и скалите, а наведен е и бројот на загинати во различни простории. Запишана е дури и вкупната пресметка во која се наведени 12 загинати и 23 ранети.
– На апликацијата „Тик-Ток“ имаше најава дека се подготвува терористички напад на едно од средните училишта во Требиње и тоа е план во смисла на шема и се исклучени други докази. Не можеме да кажеме повеќе, бидејќи истрагата е во тек – изјави Лакета.
Лакета апелираше до родителите да се грижат за своите деца, како пристапуваат до социјалните мрежи, како користат интернет и групни апликации и слично.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа