Њу Џерси: Убиен киднаперот на петте деца

Американската полиција го уби човекот кој што во куќата во Њу Џерси држеше пет деца на својата љубовница, а по целодневната опсада и упад во куќата, ги пронашла телата на жената и уште едно дете. По извештајот дека децата не се појавиле во школо 12 дена, полицијата во петокот попладнето дошла пред куќата во која Џералд Марфи (38) ги држел жената и петте деца. Полицијата влегла од задната врата каде ја почуствувала миризбата. Марфи бил во собатата на спрат и рекол дека е вооружен со пиштол и експлозив и дека има три деца како заложници. На местото на настанот пристигнале специјални единици, како специјалци за демонтирање на бомби. Поради тоа што се заканувал дека ќе убие едно од децата, полицијата упаднала во домот и пукала во него. Тој бил ранет, но подоцна починал од повредата. Во домот се пронадјени телата на жената Кармелита Стивенс и нејзиниот син. Полицијата проценила дека таа била убиена уште пред две недели. Останатите деца се спасени и одведени во медицински центар за опоравување.

 

најчитано сега