Словенија го сака сефот на Јосип Броз Тито

Словенската амбасада побарала од основниот суд во Белград да им достави список на предмети кои се пронајдени во депото 555, познато како сефот на Тито.

” Судот ни достави барање кое во име на амбасдата на Словенија го упатил амбасадорот, дека оваа држава наследничка на СФРЈ е заинтересирана за извештај за пронајдените работи во сефот”, вели за „Новсти“  адвокатаката на Златица и Миша Броз, Виолета Коќиќ – Митачек.

Амбасадата од генералниот секретаријата на претседателот на Србија, каде првин било поднесено барањето ја упатиле до судот. Тоа е првата држава која е создадена од поранешна Југославија која и официјлано побарала на некој начин да биде вклучена во оставинската постапка по смртта на Јосип Броз Тито , веројатно сметајки дека пронајденото богатство треба да биде предмет на сукцесија помеѓу поранешните републики.

Адвокатите на семејството Броз треба да се изјасна во рок од 15 дена.

” Работите пронајдени во сефот не се предмет на сукцесија и не постои правен основ Словенија да се вклучи во постапката “, вели Петронијевиќ. ” Освен Словенија, во постапката барање за вклучување поднесе и Републичкото Јавно Правобранителство, како претставник на државата Србија. И нивното барање е неосновано и неуредно, па затоа сите барања освен оние на семејството Караџорџевиќ треба да се отфрлат како неуредни и неосновани”.

Исто така Петронијевиќ обајснува,  уредно барање до судот подразбира заинтересираната страна да наведе што бара од списокот. Не може да се поднесе барање по системот ” да видиме што има таму, па можеби нешто да биде и наше“.

18.12.2013 - 09:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега