Запленети 1.3 килограми сребрен накит на граничниот премин Богородица

 

Царинската управа во соопштение известува дека на граничниот премин Богородица, царински службеници заплениле 1.3 килограми сребрен накит.

Најден е кај патник кој патувал од Турција и се обидел истото да го внесе без притоа да го пријави на царинските органи.

Сребрениот накит е откриен при преглед на патничко возило со кое лицето патувало како совозач. Станува збор за 157 парчиња прстени, 21 парчиња нараквици, 45 ланчиња, 26 обетки и 20 привезоци кои лицето ги скрило во ќеса која ја ставил зад задното седиште и во еден куфер ставен во багажниот простор.

За сребрениот накит за којшто изјавил дека го набавил од Турција лицето не поседувал никаква документација. Против него се поднесени соодветни пријави заради прекршување на царинските регулативи.

10.02.2024 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега