Русија ги забранува детските избори за убавина

Русија ги забранува детските избори на убавина и насилните филмови.  Како што пренесува РТ руската Дума ќе внесува измени во законите па така еден од предлозите ја вклучува и забраната за детските избори за убавина и насилните цртани.

Забраната ќе биде за децата  до 16 години, а според предлогот за организација на вакви натпревари кривично би се гонеле организаторите, но и родителите на децата кои учествуваат.

Пратениците имале бурна  дебата  поради голем број на филмови, па и цртани  како рускиот цртан филм „Ну, погоди!“, и американскиот „Том и Џери“.

Затоа во Думата било побарано законот темелно да се разработи за да нема апсурдни забрани.

17.12.2013 - 12:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега