(ФОТО) Њу Орлеанс: 12 ранети на парадата на Денот на мајката

Полицијата на Њу Орлеанс соопшти дека е пукано на десет лица за време на парадата организирана по повод Денот на мајката. Полицискиот службеник Роналд Серпас на новинарите пренесе дека е пукано во најмалку 12 лица.

Медиумите известуваат дека денес попладне имали околу 200 луѓе на парадата во моментот кога започнало пукањето.

Серпас додаде дека меѓу ранетите има и десетгодишно дете, кое е полесно повредено. Четири лица биле подложни на хируршки интервенции, додека останатите се пренесени во четири болници во таа област.

Никој не е уапсен, а засега е нејасно која е причината за пукањето. Полицијата вели дека е во потрага по три лица кои што се поврзани со денешниот напад.  

 

најчитано сега