Лицата со посебни потреби да достават барања за јавниот градски превоз

 

Лицата со посебни потреби кои имаат право на повластено користење на јавниот градски превоз за 2014 година, можат да ги достават барањата до здруженијата на граѓани во кое членуваат.

Градот Скопје денеска соопшти дека заинтересираните граѓани, лица со оштетен вид, слух, со телесно оштетување, интелектуална попреченост, бубрежно болни лица, како и инвалидите на трудот, инвалидски пензионери и воените инвалиди, правото на повластено користење на јавниот градски превоз можат да го остварат преку соодветните здруженија на граѓани организирани на подрачјето на градот Скопје.

Здруженијата на граѓани конечниот список на баратели треба да го достават до Одделението за социјална, детска и здравствена заштита при Секторот за јавни дејности на Град Скопје, барака бр.2, најдоцна до 16 јануари идната година.

За дополнителни информации претставниците на здруженијата можат да се јават на телефон 3297 – 321.

 

17.12.2013 - 11:10
Фото: 
Кирилица

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега