Повторно хаос на улиците во Скопје - 12 сообраќајки за едно деноноќие
Во текот на изминатото деноноќие во Скопје се случиле вкупно 12 сообраќајни несреќи во кое за среќа нема потешко повредени лица.
Во шест од несреќите девет лица поминале со полесни повреди. Се работи за четворица возачи на патнички моторни возила, еден возач на товарно моторно возило, двајца сопатници и двајца пешаци, а останатите шест сообраќајни незгоди се со последица материјална штета.
Исто така, во текот на изминатото деноноќие санкционирани се деветмина пешаци коишто преминале вон обележан пешачки премини или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци, 18 возачи кои непрописно ги паркирале своите возила во зона на крстосница, на пешачки премин или на автобуски стојалишта, а преземени се и мерки према петмина возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, осуммина возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзина на движење, од нив петмина возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место и седуммина возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајни знаци на крстосниците.
„Пајакот“ отстранил 64 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа