Ставревски најави зголемување на платите и пензиите во 2014

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески образложувајќи го Предлог-буџетот за 2014 година во Собранието потенцира дека е предвидено и зголемување за 5 проценти на платите во јавната администрација кое ќе биде исплатено со октомвриската плата.

- Во однос на платите ќе има зголемување сразмерно на можностите на Буџетот и констатирано е дека може да се реализира зголемување од 5 проценти со исплатата на октомвриската плата. Ваквото зголемување Република Македонија ќе ја издвои од останатите земји кои во овие времиња не само што не ги зголемуваат, туку и ги намалуваат платите во јавниот сектор. Ние смогнавме сили во овие времиња да има зголемување на платите на полицијата, војската, социјалните работници, во образованието..., истакна вицепремиерот Ставрески.

Tековните расходи во Буџетот за 2014 година ќе бидат поголеми за 3,9 проценти во однос на 2013 година. 

16.12.2013 - 16:37
Фото: 
Влада

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега