Ставревски: Буџетот за 2014 ќе овозможи подинамичен раст и социјална стабилност

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски, денеска истакна дека Буџетот за 2014 година ќе овозможи подинамичен економски раст преку реализација на капитални инвестиции кои се за 11 проценти повеќе во однос на оваа година и ќе ја задржи социјалната стабилност преку зголемениот  износ за пензии и социјална помош, како и преку зголемениот износ за субвенции од 140 милиони евра.

- Едната функција на Буџетот ќе биде да го компензира ефектот на се уште слабата европска економија и со поголеми капитални расходи да се постигнат повисоки стапки на економски раст, рече министерот и додаде дека Македонија е единствена во ЈИЕ која има фискален простор да го одржи нивото на буџетски дефицит на повисоко ниво со цел да ја помогне македонската економија.

На расходната страна, потенцира дека и во 2014 година ќе продолжи тенденцијата на подобрување на структурата, при што ќе има зголемување на капиталните расходи од 11,9 проценти за 2013 година на 12,7 проценти во 2014 година. Тековните расходи посочи дека ќе растат со 3,9 проценти што се должи на предвиденото зголемување на пензиите, платите во јавниот сектор, социјалните надоместоци и субвенциите. Посочи дека во 2014 година ќе продолжи стриктна контрола на другите тековни расходи.  За социјлани трансфери се проектирани 77.667 милиони денари, за здравствена заштита се планирани 22.217 милиони денари, предвидени се и средства за нови социјални права односно исплата за правото на посебен додаток за самохрани родители, за деца со пречки во развојот, право на додаток за глувост, проширен е додатокот за мобилност, испланирани се средства за постојните дневни центри, за народните кујни и за енергија за најзагрозените категории, за субвенции во земјоделството се предвидени за 5 милиони денари повеќе во однос на оваа година и ќе достигнат историско највисоко ниво од 140 милиони евра.

- Тоа е континуитет на политиката што ја продолживме во кризни времиња и ќе ја продолжиме во 2014 година. Сите овие факти покажувааат дека Владата посветува внимание на поддршка на сите граѓани од ранливи категории. Освен силната развојна вклучуваме и димензија на социјална стабилност, рече вицепремиерот Ставрески.

16.12.2013 - 16:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега