Турција доставувала оружје на Сирија?

Како што тврди весникот „Хуриет“ Турција од јуни досега доставила 47 тони оружје и муниција на сириските бунтовници, и покрај тоа што повеќепати ги негира тие информации.

Само во септември 29 тони воена опрема биле доставени на групи, кои војуваат против режимот во Дамаск, додава весникот, кој се повикува на статистички податоци, од базата на ОН за трговија со стоки и на податоци на Турскиот статистички институт.

Владата во Турција  која ја поддржува сириската опозиција, секогаш ги демантирала информациите во меѓународниот печат за испорака од Анкара на оружје за сириските бунтовници.

Турски дипломат одби денеска да ги коментира тврдењата на весникот „Хуриет“, повторувајќи дека Турција не доставува оружје на ниту една бунтовничка група во Сирија

16.12.2013 - 16:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега