ВИДЕО: Еве зошто ова видео има седум милиони прегледи на Јутјуб

Совршените пластични тела кои ги гледаме во излозите не се како луѓето кои проаѓаат покрај нив, но тоа не значи дека тоа не можат или не треба да бидат.

„Pro Infirmis“, организација која се грижи за лицата со инвалидитет, направила серија кукли според вистинските лица со инвалидитет, работејќи со луѓе како Јасмин Речстајнер, победничката на натпреварот Мис на хендикепираните, која има деформација на ‘рбетот или Ервин Алкјуќ, актер кој има болест на коските.

Отакако се изработени, куклите се поставени во излозите на продавниците во Цирих, што ги израдувало актерите според кои тие се направени.

Проектот е наречен „Има ли некој совршен“, видеото како дел од него во изминатите неколку дена е прегледано повеќе од 7,5 милиони пати.

16.12.2013 - 15:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега