Актерката Линдзи Лохан пишува книга за својот бурен живот

Актерката  Линдзи Лохан одлучи да напише книга , во која искрено ќе ја пренесе својата страна за приказната од нејзиниот скандалозен живот- семејство, филмските почетоци, забавите, несреќните врски и зависноста од алкохолот и дрогата.

Оваа идеја Линдзи ја добила за време на рехабилитацијата, на која требала да води дневник. Наводно, според америкаснките медиуми таа до сега добила шест понуди за соработка.

 Иако Линдзи неможе да се пофали со многу од своите постапки, сепак не се сомневаме во успехот на нејзината книга, бидејќи нејзиниот живот е се она што јавноста сака да чита- скандал , скандал и само скандал.

16.12.2013 - 14:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега