Голем ден за иднината на фудбалот: Суперлигата може да се формира

 

Неверојатна пресвртница се случи денес откако Судот на Европската унија (ЕУ) пресуди во корист на Суперлигата како идеја за тоа дека таа може да се формира и утврдено е дека УЕФА и ФИФА незаконски го блокирале формирањето на ова натпреварување.

Наведено е дека ФИФА и УЕФА ја злоупотребиле својата позиција и влијание за да го блокираат создавањето на Суперлигата.

Моментално, само Барселона и Реал Мадрид се официјално уште дел од Суперлигата.

Овие два клуба тврдат дека ФИФА и УЕФА голем дел од приходите направени од клубовите ги задржуваат за себе.

Целата идеја на Суперлигата е да биде натпреварување на најсилните фудбалски клубови во Европа.

21.12.2023 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа