За два дена казнети 1.507 возачи

 

Од вкупно издадените 1507 платни налози во текот на изминатите два дена (15/16.04.) од страна на полициските службеници во рамки на сообраќајни контроли на патиштата низ земјата, по основ на прекршоци од делот на неправилно паркирање беа изречени 517 платни налози а по основ на непридржување до пропишаната брзина на движење беа евидентирани 259 прекршоци.

Според статистичките бројки изречени се 103 прекршоци по основ на неносење сигурносен појас, потоа 55 по основ на користење мобилен телефон, изречени се 29 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, пет мерки за неносење на заштитна кацига, а санкционирани се и 16 возачи на електрични тротинети.

Инаку санкционирани се и 144 возачи кои управувале без возачка дозвола, 14 управувале под дејство на алкохол, додека 16 возачи минале на црвен светло. Согласно пак одредбите од Законот за возила, 29 возила се исклучени од сообраќај заради техничка неисправност, а 30 биле со истечена регистрација.

17.04.2025 - 21:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега