Два автомобила се искршија на патот Прилеп-Битола - едно лице го загуби животот

Крвав викенд во Македонија. На магистралниот пат Прилеп-Битола пред селото Тополчани, се случила уште една страотна сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот.

Според податоците од полицијата, до несреќата дошло кога возило марка „фолксваген шаран“ управувано од 55-годишниот Ѓоре С. од Прилеп се судрило со „фиат дукато“, управувано од 27-годишниот В.М. од Кавадарци. Во несреќата за жал поради сериозноста на повредите на самото место починал прилепчанецот. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.М. и сопатникот И.М. од Кавадарци кои веднаш биле пренесени во Медицинскиот центар воПрилеп, а по укажаната лекарска помош И.М. е пренесен во Клинички центар Скопје. 

16.12.2013 - 13:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега