Двајца кавадарчани зад решетки, полицијата дома им најде дрога
На 08.12.2023 во 12.30 и во 17.40 часот полициски службеници за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Г.Ц.(36) и М.М.(35), двајцата од Кавадарци.
При преглед кај Г.Ц., при излез од домот на М.М., била пронајдена кафеава прашкаста материја, а при претрес во домот на М.М., извршен со судска наредба, биле пронајдени кафеава прашкаста материја, екстази, бела грутчеста материја и предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја.
Во координација со јавен обвинител, предметите биле одземени, лицата се приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа