Запален камион предизвика хаос - се судрија десет автомобили

Во верижен судир во Белград се судрија десет автомобили. Според српските медиуми, до сообраќајната несреќа дошло кога се запалил камион кој се движел на автопат, па за да го избегнат возачите кои биле до него на коловозот, настанала вистинска паника и се судриле меѓу себе.

Според информациите, во судирот се повредени 5 лица кои веднаш се пренесени во Ургентниот центар во Белград.

Инаку, на ова место пред неколку дена дојде до судир меѓу 13 возила.

16.12.2013 - 11:57
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега