Тренчевска: Системските решенија продолжуваат да го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните

 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во дневникот на Сител зборуваше за деветтиот пакет антикризни мерки кои ги донесе Владата на изминатата владина седница.

„Имавме покачување од 26%, имавме пакет на антикризни мерки. Имаме постојан раст на пензијата. Она што е наша обврска како одговорна Влада е ваквите мерки да бидат од Буџетот на Министерството за труд и социјална политика“ рече Тренчевска.

Министерката ги објасни новите мерки за пензионерите истакнувајќи дека приматели на пензија до 14.000 денари ќе добијат финансиска поддршка од 3.000 денари месечно, за период од 5 месеци, примателите на пензија до 14.001 денари до 16.000 денари ќе добијат финансиска поддршка од 2.000 денари месечно и дека примателите на пензија до 16.001 денари до 19.000 денари ќе добијат финансиска поддршка од 1.500 денари месечно, за период од 5 месеци.

Таа посочи дека кога се покачуваат пензиите не треба да се носат популистички мерки, затоа што најважно е 336.000 пензионери континуирано да земаат пензија. Министерката истакна дека стабилноста на пензискиот фонд не смее да се доведе во прашање.

Во дневникот министерката зборуваше и за покачувањето на платите во јавната администрација и покачувањето на платите на функционерите.

Министерката истакна дека во секоја демократска држава има протести, забраната за протести таа истакна дека беше до 2017 година, и рече дека тоа е демократско право на секој. Но таа посочи дека на нов општ колективен договор и на зголемени плати дури до 80% јавната администрација има постојано зголемени примања и дека нивните барања не се занемарени.

29.11.2023 - 21:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега